1 00:00:03,000 --> 00:00:05,000 После пола век поминат во Вселената 2 00:00:06,000 --> 00:00:12,000 вселенскиот телескоп Хабл направи фотографија од Вселената која ќе биде објвена во чест на 25 - годишниот јубилеј. 3 00:00:13,000 --> 00:00:17,000 Нова фотографија во хабловата колекција запрепастувачки фотографии од Вселената. 4 00:00:35,000 --> 00:00:39,000 Епизода 84: Ѕвездена фотографија за 25 - годишнината на Хабл 5 00:00:41,000 --> 00:00:47,000 Секоја година се избира една фотографија направена со Хабл за да се прослави годишнината од неговото лансирање: 6 00:00:47,000 --> 00:00:49,000 24 - ти Април 1990 година. 7 00:00:50,000 --> 00:00:54,000 Голем дел од овие годишни фотографии се навистина спектакуларни. 8 00:00:58,000 --> 00:01:02,000 Како што е фотографијата од Сатурн за осум - годишнината 9 00:01:04,000 --> 00:01:09,000 или оваа фотографија од маглината Кобилица за 20 - годишнината во стилот на писателот Толкен. 10 00:01:11,000 --> 00:01:15,000 Деликатната галактичка роза за следната годишнина 11 00:01:15,000 --> 00:01:20,000 како и ѕвездената фотографија од маглината Тарантула објавена во 2012 година 12 00:01:25,000 --> 00:01:31,000 Со Хабл понекогаш се фотографираат исти познати космички објекти и по неколку пати, како што е маглината Коњска глава. 13 00:01:32,000 --> 00:01:39,000 Во 2001 година, Хабл ја објави оваа мрачна фотографија од ѕвездениот облак со цел да ја прослави 11 - годишнината од почетокот со работа. 14 00:01:40,000 --> 00:01:47,000 По 12 години пак, 23 - годишнината беше обележана со инфра - црвена фотографија од оваа маглина. 15 00:01:48,000 --> 00:01:53,000 На оваа слика е прикажана една поосетлива структура обвиткана во розев гас. 16 00:02:03,000 --> 00:02:09,000 Оваа година, музеите, научните центри, планетариумите и другите научни институти ширум Европа 17 00:02:09,000 --> 00:02:14,000 зедоа учество во заедничко откривање на фотографијата за 25 - годишниот јубилеј: 18 00:02:15,000 --> 00:02:18,000 Запрепастувачкиот Вестерлунд 2! 19 00:02:27,000 --> 00:02:30,000 Вестерлунд 2 е младо отворено јато - 20 00:02:30,000 --> 00:02:34,000 богата колекција на млади ѕвезди поврзани меѓу себе 21 00:02:34,000 --> 00:02:43,000 Се наоѓа на 26.000 светлосни години од Земјата, во близина на гигантски облак од меѓу - ѕвезден гас познат како RCW 49. 22 00:02:45,000 --> 00:02:50,000 Вестерлунд 2 не е обично ѕвездено јато. 23 00:02:50,000 --> 00:02:56,000 Дел од неговите ѕвезди претставуваат едни од најсјајните, најтоплите и најмасивните ѕвезди кои се до сега откриени. 24 00:03:06,000 --> 00:03:13,000 Овие ѕвезди располагаат со толку голема енергија што ѕвездените ветрови кои излегуваат од нив вршат јонизација на околниот гас, 25 00:03:13,000 --> 00:03:18,000 како и на гасот од RCW 49. 26 00:03:19,000 --> 00:03:26,000 Ваквата активност на ѕвездите е одговорна за формите и боите на меѓу - ѕвездениот гас и прашина кои се гледаат на оваа слика. 27 00:03:37,000 --> 00:03:42,000 Овој космички пејсаж е достоен за одбележување на 25 - годишнината од пуштањето во употреба на нашиот омилен телескоп. 28 00:03:43,000 --> 00:03:47,000 Очекуваме уште многу вакви јубилејни фотографии во иднина. 29 00:03:55,000 --> 00:03:59,000 Hubblecast е продуциран од ESA/Hubble во Европската Јужна Опсерваторија. Превод Андреј Стојчевски