1 00:00:01,000 --> 00:00:05,000 Млечниот пат е нашиот космички дом. 2 00:00:05,000 --> 00:00:09,000 Но тој не е единствениот во Вселената. 3 00:00:10,000 --> 00:00:15,000 За подобро да го разбереме составот и еволуцијата на нашата Вселена, 4 00:00:15,000 --> 00:00:20,000 астрономите се обидуваат да одговорат на едно навидум едноставно прашање: 5 00:00:20,000 --> 00:00:23,000 Колку галаксии постојат во Вселената? 6 00:00:44,000 --> 00:00:45,000 Во темна ноќ, 7 00:00:45,000 --> 00:00:50,000 Млечниот пат може да се види како еден сјаен појас на ноќното небо. 8 00:00:50,000 --> 00:00:53,000 Долго време се мислело 9 00:00:53,000 --> 00:00:57,000 дека целата Вселена се состоела само од нашата галаксија. 10 00:00:59,000 --> 00:01:02,000 Тоа се променило во 1924 година. 11 00:01:02,000 --> 00:01:08,000 Во оваа година, Едвин Хабл открил варијабилни ѕвезди во неколку спирални маглини. 12 00:01:09,000 --> 00:01:14,000 Тој ги искористил овие ѕвезди за да го пресмета растојанието до овие маглини. 13 00:01:15,000 --> 00:01:21,000 Неговите набљудувања докажале дека овие ѕвезди биле премногу далечни за да припаѓаат на нашиот Млечен пат. 14 00:01:21,000 --> 00:01:25,000 Напротив, тие припаѓале на други галаксии, 15 00:01:25,000 --> 00:01:28,000 подалеку од Млечниот пат. 16 00:01:28,000 --> 00:01:31,000 Оттогаш астрономите се обидуваат да утврдат 17 00:01:31,000 --> 00:01:35,000 колку галаксии постојат во видливата Вселена. 18 00:01:43,000 --> 00:01:51,000 Првата меродавна проценка била направена по создавањето на Хабловото Длабоко Поле во 1995 година. 19 00:01:52,000 --> 00:01:56,000 Тоа беше првиот длабок поглед во Вселената 20 00:01:56,000 --> 00:02:01,000 кој откри стотици галаксии кои никогаш не биле видени порано. 21 00:02:03,000 --> 00:02:07,000 Следеле дополнителни опсервации со Хабл и други инструменти, 22 00:02:07,000 --> 00:02:11,000 кои откриле уште помалку сјајни и пооддалечени галаксии. 23 00:02:14,000 --> 00:02:17,000 Од овие набњудувања астрономите утврдиле 24 00:02:17,000 --> 00:02:23,000 дека Вселената содржи вкупно 120 милијарди галаксии. 25 00:02:27,000 --> 00:02:32,000 Тука влегуваат само оние галаксии од видливата Вселена. 26 00:02:32,000 --> 00:02:34,000 Таму влегуваат сите објекти, 27 00:02:34,000 --> 00:02:38,000 кои во принцип можат да се видат со телескопи како Хабл, 28 00:02:38,000 --> 00:02:43,000 светлината од кои имала време за да стаса до нас, сметајќи уште од почетокот на Вселената. 29 00:02:43,000 --> 00:02:46,000 Зад оваа граница, 30 00:02:46,000 --> 00:02:49,000 позната и како космичкиот хоризонт, 31 00:02:49,000 --> 00:02:51,000 Вселената продолжува. 32 00:02:51,000 --> 00:02:55,000 Колку точно продолжува останува тајна. 33 00:03:00,000 --> 00:03:03,000 Астрономите имаат направено нова анализа 34 00:03:03,000 --> 00:03:06,000 на објавени податоци од Хабл и други телескопи. 35 00:03:06,000 --> 00:03:09,000 Тие имаат заклучено дека претходната проценка на бројот на галаксии 36 00:03:09,000 --> 00:03:15,000 во рамките на видливата Вселена е за најмалку 10 пати помала. 37 00:03:15,000 --> 00:03:20,000 Тие сметаат дека 90% од галаксиите во Вселената 38 00:03:20,000 --> 00:03:26,000 се всушност малку видливи и премногу далечни за да бидат видени со телескопите од денешата генерација. 39 00:03:27,000 --> 00:03:33,000 Астрономите можат само да го претпостават нивното постоење, базирајќи се на модели и пресметки. 40 00:03:42,000 --> 00:03:45,000 Новособраните податоци им овозможија на астрономите 41 00:03:45,000 --> 00:03:49,000 да ѕирнат 13 милијарди години назад во минатото, 42 00:03:49,000 --> 00:03:52,000 до почетните денови на Вселената. 43 00:03:52,000 --> 00:03:55,000 Оваа ретроспектива ја откри раната Вселена 44 00:03:55,000 --> 00:04:01,000 во која густината на галаксиите е за 10 пати поголема од денешната. 45 00:04:03,000 --> 00:04:07,000 Повеќето од овие галаксии се релативно мали и слабо видливи, 46 00:04:07,000 --> 00:04:12,000 со маси кои се слични на сателитските галаксии на Млечниот пат. 47 00:04:14,000 --> 00:04:20,000 Овие резултати се моќен доказ дека галаксиите еволуирале и растеле преку спојувања 48 00:04:20,000 --> 00:04:22,000 во текот на историјата на Вселената 49 00:04:22,000 --> 00:04:26,000 драматично намалувајќи го вкупниот број со текот на времето. 50 00:04:29,000 --> 00:04:34,000 Во исчекување на 90% од галаксиите од Вселената да станат видливи, 51 00:04:34,000 --> 00:04:39,000 останува уште многу што треба да биде истражено и откриено од страна на Хабл - 52 00:04:39,000 --> 00:04:42,000 и идниот вселенски телескоп Џејмс Веб. 53 00:04:42,000 --> 00:04:48,000 Природата уште еднаш не изненади, дури и надвор од тоа што може да го креира нашата највозбудлива имагинација. 54 00:04:51,000 --> 00:04:58,000 Транскрипција на ESA/Hubble. Превод на Андреј Стојчевски.